Добре дојдовте во нашата ординација
Гинеколошката ординација ПЗУ ЈУРУКОВСКИ е приватна специјалистичка и супспецијалистичка установа која во својата дејност опфаќа дијагностика, следење и третман на состојби и заболувања од областа на гинекологијата и акушерството. Со работа започнува пред повеќе од 23 години и е една од првите приватни гинеколошки ординации отворени во Скопје и во Република Македонија. Основоположник на стручниот профил на ординацијата е проф. д-р Јован Јуруковски, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, продекан на истиот факултет, шеф на Катедрата за гинекологија и акушертво и долгогодишен директор на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје (сега во пензија). Со негова заслуга, од самиот почеток на работењето воведени се современи медицински стандарди, принципи и критериуми за негување на ефикасни дијагностички и терапевтски процедури. Сè со цел укажување на квалитетна здравствена услуга, со принципиелно почитување на правата на пациентите. Таквиот начин на работа и постигнатите резултати низ годините ја афирмираа ординацијата како една од водечките приватни здравствени установи во областа на гинекологијата и акушерството и ја направија привлечна и за пациенти надвор од нашата земја.
Ординацијата е опремена со најсовремена медицинска опрема и се наоѓа во простор со пријатна атмосфера, со цел пациентите да се чувствуваат сигурно и комфорно.
Еден од нашите главни приоритети – доволно посветено време на секој пациент во точно закажаниот термин!
ПРЕГЛЕДИ
Прегледите се закажуваат на 30 мин. а, по потреба, и на 60 мин. (зависно од случајот).
Во нашата ординација секој пациент, освен квалитетна медицинска услуга, го добива и потребното време за разговор и консултација, што е исклучително важно за пациентите, но и за нас. Вашата приватност е загарантирана од секој аспект на вашиот престој кај нас.
Сите пациенти на нашата ординација, во случај на потреба, имаат можнот за консултација со докторката во секое време. Во целост ја поддржуваме соработката со вашиот матичен гинеколог. Нашите услуги не ги покрива Фондот за здравствено осигурување и истите се надоместуваат приватно. Ординацијата рабои секој ден, освен за викенди и државни празници (освен во случаја на итност).
ПЗУ ЈУРУКОВСКИ има склучено договор со приватната општа болница Ремедика каде што докторката работи како надворешен соработник.
Дел од нашите услуги
НАШЕТО МОТO
Квалитетна стручна услуга, посветено време, приватност, доверба и многу задоволни пациенти. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!